Според бугарскиот историчар Пламен Павлов, треба да се направи паралелно пребројување на населението во Македонија, зошто избројаните 3.504 Бугари не ја одразувале стварноста.
„Има една група од 70-80 илјади души во РСМ, кои не се определиле. Ништо ќудно тоа да се луѓето со бугарско самосознание, кои од една или од друга причина не се запишани како такви или некои од нив одбиле да кажат за какви се сметаат. Исто така има околу 100 илјади души, кои поднеле документ за бугарско државјанство. Бројката од 3.504 Бугари не е вистинита. Таму има и неколку илјади души босилеграѓани, Бугари од Западните покраини (во Србија – н.з.). Само тие би биле 7-9 илјади“, вели тој за бугарскиот портал „Актуално“.