Бугарскиот филозоф и лингвист Владислав Георгиев го вметнал и македонскиот премиер во заминување во фото козерија за “Големите држави”, во Југоисточна Европа.
Георгиев кој живее во Лондон објавува фото козерија која е испровоцирана и во која се зборува за изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев според кого полуостривот Крим е Руски.
Во козеријата Заев е прикажан со коментар со српски зборови според кој бугарскиот кан Кубрат всушност е голем Македонец и наследник на Александар Велики.
Изјавата на Радев предизвика реакција од Украина и Турција а дел од интелектуалците како Георгиев реагираа со сатира на политичко – дипломатските односи во овој дел од светот.
Георгиев во својата иронија го исмејува наративот за таканаречените големи држави.
— Vladislav Georgiev (@vlstgeorgiev) November 21, 2021