Бугарски фашисти вчера оштетиле македонско возило во Петрич (ФОТО)

Бугарски фашисти вчера оштетиле македонско возило во Петрич, јавува порталот Струмица Денес.

Непознати сторители вчера околу 20:00 часот во Петрич, соседна Бугарија, оштетиле автомобил со струмички регистарски ознаки. Како што изјави сопственикот на автомобилот за Струмица Денес, испишани биле фашистички знаци и пораки кои ја навредуваат нашата земја, јавува порталот од каде се наведува дека случајот бил пријавен во полиција.

На возилото Рено Каптуре се испишани нацистички симболи, свастики и навредливи пораки Fu*k Macedonia и Бугарија на врвот.