Коментирајќи го драматичниот пад на странските инвестиции во Бугарија за дури 14 пати во последните десет години, бугарскиот економист Владимир Каролев ја посочува како причина бавната администрација и прави паралела со Македонија.

„Дури и таму каде што нема корупција, одбивањето/стравот на законодавната и на извршната власт кај нас да прават промени води до загуба на конкурентната предност. Тоа на политичарите и на избирачите може да им звучи апстрактно, но во бизнисот има сосем конкретни параметри. На пример, вие сте сопственик на рудник во Бугарија, кој постоел уште од времето на социјализмот. Малку по малку, рудникот се исцрпува и вие гледате каде да инвестирате во нов рудник. Во Бугарија дури и без корупција администрацијата ќе ве мотка меѓу 15 и 20 години. Во Македонија тоа е пет години. Си велите ‘на мајка ѝ на бугарската администрација’ и заминувате во Македонија. Соодветно, не отворате 500 нови работни места и не вбризгувате 100 милиони лева во некоја локална економија, но, и кога вашиот стар рудник ќе се исцрпи, 500 стари бугарски работни места се губат и некоја општина губи 90 проценти од своите приходи. Обучените 500 рудари си ги земате во Македонија и тие одат со ќеф. Резултат – бизнисот се подобрува, државата тоне“, напиша Каролев на својот профил на „Фејсбук“.