Бугарски архив креираше веб-страница за Гоце Делчев

Бугарската Државна агенција „Архив“ креираше веб-страница со документи напишани од Гоце Делчев во своја рака ја открива тајната на неговата личност, неговите револуционерни борби и многу лични детали и врски.

„Долго време имавме идеја заедно со нашите македонски колеги да направиме веб-страница за Гоце Делчев.
Од причини што ги разбирам, тие – без да одбијат да се вклучат – практично престанаа да работат на оваа идеја.


Подоцна, заедно со нив, реализиравме уште една идеја – за балканските фотографи од крајот на 19 и почетокот на 20 век – убава изложба, која во моментов се одржува во земјава“, вели во интервју за БГНЕС претседателот на ДА „Архив“, доц.Михаил Груев.

Тој вели дека „може да има уште неколку документи во некои други архиви во Република Македонија, но барем сите оние во Бугарија се цврсто покриени и изложени“, вели директорот на ДА „Архив“.