Бугарскиот активист Виктор Стојанов, претседател на фондацијата ,,Македонија” која донираше бугарски книги во земјава јавно објавува имиња на луѓе за кои тврди дека се агенти на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Стојанов веќе објави три имиња од кои една е жена и двајца мажи а најавува дека ќе објави и други луѓе кои според него се дел од АНБ.

Како е можно списоци на агентите на АНБ да се најдат во раце на овој човек е едно од прашањата кои граѓаните ги поставуваат на социјалните мрежи.

Стојанов преку бугарската фондација “Македонија” постојано влегува во Македонија каде покрај дистрибуција на донации врши антимакедонска пропаганда но досега нема добиено забрана за влез во земјава.

На фотографијата Стојанов е сликан со бугарско знаме пред гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.