Уцените и заканите од Бугарија предизвикаа реакции на социјалните мрежи каде се појави документ од кој се гледа дека бугарските власти во 1943 година ги платила билетите за воз за над 4100 Евреи кои од Македонија биле протерани во логорот на смртта Треблинка.
Од вкупниот број депортирани Евреи кој се споменува во документот над 3500 биле возрасни а речиси 600 се деца на возраст од 4 до 10 години.
Од документот се гледа дека тој е издаден од бугарското Патничко биро за Комесаријатот за еврејски прашања со што се одстранува секоја дилема кој е формално одговорен за депортацијата и смртта на македонските Евреи.
Во документот не се споменува ниту една германска државна институција туку исклучиво бугарски владини органи.
Бугарските власти не признаваат дека се одговорни за геноцидот на македонските Евреи и вината за тоа ја упатуваат кон германските нацистички лидери со кои беа сојузници во втората светска војна.
Едно од бугарските барања кое е предуслов за почнување преговори на Македонија со ЕУ е владата во Скопје да признае дека во втората светска војна Македонија била под германска нацистичка окупација а дека Бугарија не била окупатор туку само администратор за кој работеле Македонци.
Од вкупно над 7100 македонски Евреи кои биле депортирани во логорите на смртта во земјата се вратиле само десетина.
Писмо од администраторите. https://t.co/tgtxclGXhW pic.twitter.com/Hhj2JM4lFr
— Фортификација (@Fortiifikacija) November 5, 2020