Бугарска телевизија „Нова“ направила репортажа во која се обидува да докаже дека во областа Гора на Косово каде што живеат Македонци со исламска вероисповед всушност има Бугари.
Водителот на ТВ Алфа Богдан Илиевски открива работи кои и покрај идејата на авторите ги дознавме од оваа (сублимирана) репортажа:
-еден човек во репортажата (главниот, првиот!) знае дека не бил Србин и Албанец и дека најверојатно бил Бугарин.
-наспроти желбите на авторот и коментаторите од Бугарија (амбасадорот во Косово и лејката Виктор Стојанов), населението зборува македонски јазик
-Терминот „Бугарин“ бил користен за означување религиозна определба, како и „вреден работлив човек“, а не национална припадност
-Локалците кажуваат дека луѓе земаат бг пасоши за да работат по светот или да користат студентски стипендии од Бугарија, а не затоа што се Бугари
-Се трудат, пустинските, шетаат по Косово, по Албанија и тоа е проект на нивните служби, не на пар ентузијасти, и како таков проект мора да се процесира во секој поглед, особено во контекст на барањето за уставни измени
Видеото на линкот што го објавува Илиевски