По најавата од рускиот претседател Владимир Путин за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, бугарската потпретседателка Илијана Јотова повика за мировни преговори меѓу Украина и Русија, пренесува германската новинска агенција ДПА.
Според Јотова, ситуацијата во украинскиот конфликт станува сè поопасна и застрашувачка. Таа нагласи дека тоа не се празни зборови и изјави дека зголемувањето на вооружувањето во сите земји може да доведе до непредвидливи последици и се заканува со сериозна војна.
„Се надевам дека разумот сè уште преовладува и дека повеќе станува збор за закани отколку за вистински акции“, рече Јотова, коментирајќи ја изјавата на Путин.