„Помалку 700.000 луѓе работат на пазарот на труд во Северна Македонија, од кои околу 100.000 се донесени на работа, но не работат – земаат пари само како вработени во разни државни структури. Приватниот сектор вработува помалку од 500.000 луѓе. Состојбата на македонската берза е уште потешка – дневниот промет е во просек од 250-300.000 лева, од кои 80% е во акциите на Комерцијална банка АД“, пишува пробугарската Фондација Македонија.
„Сега е време Бугарите да ги купат македонските акции, да ја купат целата македонска економија, сега и во следните 2 години, во кои вредноста на македонската економија ќе се намали за нови 30 до 45%. Знаете дека во 21 век, кој ја контролира економијата контролира сè. Ние сме на потег. Очекувајте новости од Фондацијата Македонија и во оваа насока!“, се вели во Фејсбук објавата.