Бугарската делегација предводена од бугарскиот вицепремиерИван Демерџиев, пристигна во црквата „Св. Спас“ на чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Тие положија цвеќе пртед саркофагот во кој почиваат посмертните останки на Делчев.


Демерџиев, денеска изјави дека на македонските домакини им предложил чествувањето да биде заедничко но како што изјави „Скопје откажа заедничко чествување“.

Тој изрази надеж дека идната година ќе биде поинаку.

Во меѓувреме, Бугарски граѓани кои утрово се упатија кон Скопје но мораа да чекаат на граничните премини поради паднатуиот сисстем, влегоа во земјата, откако системот за контрола бил поправен.

Полицијата ги нареди во колона возилата кои до гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје мора да се движат строго со полициска придружба.

Дерменџиев во изјава за медиумите рече дека бугарските жители не се дојдени во Скопје да прават провокации.

„Не сме дојдени да правиме провокации. Ние нема со кој да се разделиме. Соседи сме и треба да имаме добри односи и нашите народи треба да се зближени. Јасно е дека Северна Македонија е самостојна држава и немам намера да одговарам на провокации дека Македонија била бугарска“, рече тој.