Бугарска делегација предводена од амбасадорот на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, денеска го посети и положи цвеќе пред споменикот на полковникот Константин Каварналиев во Дојран, јави БГНЕС.
Бугарскиот полковник загинал на 23 јуни во 1913 година за време на Втората балканска војна.
Во 1916 година во Дојран, кој во тоа време беше дел од Бугарија, беше подигнат споменик на Константин Каварналиев, но беше урнат во 1966 година.
Обновен и повторно беше отворен на првобитното место на 1 август 2019 година. Иницијативата беше на тогашниот бугарски премиер Бојко Борисов, а споменикот заеднички беше откриен од Борисов и Зоран Заев.
Поставувањето на споменикот стана возможно благодарение на новите односи меѓу Бугарија и Македонија, произлезени од потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Софија и Скопје на 1 август 2017 година.
