Во текст со индикативен наслов: САД не критикуваат поради Македонија – бугарски „Блиц“ ги цитира главните поенти на американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи Габриел Ескобар за Радио Слободна Европа, според кого проблемот со Бугарија не треба да го блокира членството на Македонија во ЕУ.

„Ние би сакале да се одржи меѓувладината конференција и за Македонија и за Албанија во исто време – оваа година, доколку е можно. Го изработија потребното. Ги направија неопходните реформи. И тие го заслужија тоа. Значи, ако не оваа година, тогаш на почетокот на следната година“ – изјавил Ескобар за РСЕ.

Според „Блиц“ Ескобар рекол дека веќе постојат добри решенија за спорот меѓу Бугарија и Македонија и дека Вашингтон ќе продолжи да настојува Софија да прифати компромис.

„Погрешно е Бугарија да користи билатерален спор за да ги запре аспирациите на Македонија кон ЕУ. Бугарите го претвораат во мултилатерално прашање што не засега сите нас“ – поентира Ескобар, а пренесува бугарскиот медиум.