Бугарија е на 97 место во светот според индексот на среќа на населението, некаде меѓу жителите на Камерун и Гана, но понесреќни од луѓето во балкански држави, јавува БГНЕС, повикувајќи се на податоци од извештајот на World Happiness Report 2019.
Бугарија е далеку зад своите соседи: Србија е на 70 место, Црна Гора -на 73, Хрватска на 75 Турција на 79, Грција на 82, а Македонија на 84 место.
Романците чија земја најчесто се споредува со Бугарија во ЕУ се двапати посреќни од Бугарите.
Скандинавците повторно се лидер според овој „среќен рејтинг“.