Бугарите се државотворен народ во Македонија, според Џамбаски!

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски преку Фејсбук му држи лекција на Лозан Панов, кандидат за претседател на Бугарија на изборите в недела, кој најави посета на Македонија.

„Бугарите се државотворен народ во младата република. За тој народ потоа никна политичката определба ‘Македонци’, која дел од денешните генерации во нашиот југозападен сосед ја користат и како етничка ознака. Затоа, Бугарите и не може поинаку да се третираат освен, едноставно, како едно од малцинствата во Уставот на Скопје – тие се едно од основните во денешна Северна Македонија. Искрено речено, тие се САМАТА основа“, му порачува на Панов потпретседателот на софиското ВМРО на Красимир Каракачанов, реагирајќи за неговата поддршка за евроинтеграцијата на Македонија со изјавата дека „нашиот заеднички пат е Европа и по тоа прашање не бидува да се става ниту ‘ако’ ниту ‘но’!“.