„Бугарите“ од Македонија за пописот: Ова е фалсификат за да не влезат Бугарите во Уставот

Петар Колев, лидер на партијата Граѓанско-демократски сојуз (ГДС), за податоците од пописот во Македонија, според кои има точно 3.504 угари вели дека тоа е „брутално фалсификување и кршење на основните човекови права“,

„Нашата партија лани учествуваше на парламентарните избори и ги доби фамозните 3.555 гласа. Една година подоцна има попис во РСМ и Бугарите се 3.504. Следно што очекувам е дека ако има фудбалски натпревар, тогаш статистиката ќе биде дека 3.517 Бугари го гледале овој фудбалски натпревар во РСМ. Сето ова би било смешно, ако не е патетично и не е трагично“, рече Колев за БГНЕС.

Тој се надева дека сега ќе се запалат „светилките“ на некои луѓе во Бугарија кои носат важни политички одлуки. Петар Колев е категоричен дека оваа бруталност и варварство кон основните европски вредности, кои со децении траат во РСМ, мора веднаш и веднаш да престане.

Според него, постои план кој веќе се реализира, а тоа е поврзано со барањето за отворање на Уставот и вметнување на Бугарите како државотворен народ во него.

„Сценариото ќе биде следново: по овој попис Бугарите се незначителен дел од општеството и нема да има потреба од отворање на Уставот.

Најверојатно наскоро ќе слушнеме како историската комисија сфатила дека цар Самуил е бугарскиот цар. Најверојатно по ова ќе следи поставување на плоча на тврдината во Охрид, на која ќе биде прогласен за крал на Бугарите. После тоа, очекуваме да се отстранат 10-15 табли, на кои пишува за бугарскиот фашистички окупатор, тие веќе нема да биде Бугари, туку ќе биде само фашисти.

„Бидејќи има 3.500 Бугари, нема потреба од промени во Уставот и го решивме проблемот со Бугарија, а Бугарија ќе биде доведена во ситуација да ја крене рампата за РСМ и да почне преговори за ЕУ. “, рече Колев.