Бугарските државјани кои денеска од страна на граничната полиција не беа пуштени да влезат во Македонија во минатото биле гости на владата на СДСМ во зградата на Илинденска.
Двајца од петмината Бугари кои денеска беа тргнати да ги посетат бугарските воени гробишта кај Ново Село по што мораа да се вратат во Бугарија претходно биле гости на премиер на СДСМ.
Пред неколку години европратеникот Андреј Ковачев и тајкунот Милен Врабевски биле гости во владата каде ги пречекал и со нив се сликал човекот кој сега е предмет на восхит од страна на премиерот Ковачевски.
На фотографијата со тогашниот премиер Заев покрај Ковачев и Врабевски е и владиката на МПЦ-ОА Наум.
Од министерството за внатрешни работи за Канал 5 потврдија дека на европратеникот на Андреј Ковачев, претседателот на фондацијата „Бугарска меморија“ Милен Врабевски и три други лица не им бил дозволен влез во Македонија бидејќи за тоа не исполнувале услови.
МВР вели дека нема да дозволи влез на лица кои ја навредуваат Македонија и македонските граѓани и го нарушуваат јавниот ред и мир.
Откако власта на СДСМ со години дозволуваше овие лица да ги кршат македонските закони и да шират говор на омраза сега ги стави на црна листа.
Официјална Софија во врска со случајот бара Макеоднија да запре со провокациите кон Бугарија.
Повеќе за црната листа на македонските власти:
Македонија не дозволила влез на бугарски европратеник и финансиер на фашистичките клубови