Бугарската преодна влада одлучи да ги пресели украинските бегалци од хотелите во државните бази во текот на зимскиот период соопшти министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев.
Од сите европски земји, само Бугарија, Кипар и Ирска сè уште им пружаат гостопримство на неодредено време на икраинските бегалци. прецизираше причината, јавуваат бугарски медиуми.
Од владата сакаат да бидат сигурни дека во зимски услови украинските бегалци ќе бидат на безбедно.
Министерот за туризам Илин Димитров објасни дека досега на хотелиерите им се исплатени 523 милиони лева за сместување на бегалците.