Бугарија против старт на преговори за Македонија со ЕУ, но ќе ѝ дала експертска поддршка?!

Бугарија, која останува на ветото за старт на преговори со Европската унија, ќе ѝ обезбеди експертска поддршка на Македонија во подготовката на законодавството од областа на трудот и на здравјето и безбедноста при работа во согласност со барањата на Унијата?!

На тој начин ќе го поддржи патот на соседот кон членство во ЕУ, се договориле бугарскиот вицепремиер и министер за труд и социјална политика Галаб Донев и министерката за труд и социјална политика на Македонија, Јагода Шахпаска, на денешната средба во Софија.

Размената на искуства во подготовката на регулативата ќе биде дел од програмата за соработка во областа на вработувањето и социјалната политика за периодот 2022-2024 година, што ќе ја подготват двете земји.