Бугарија протерува уште 10 руски дипломати

Бугарија денеска прогласи десет руски дипломати акредитирани во земјата за персона нон грата и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 72 часови.

Министерството за надворешни работи соопшти дека тоа е направено на предлог на надлежните органи на Република Бугарија и во координација со премиерот Кирил Петков.

Инаку, премиерот Кирил Петков не ја криеше огорченоста што во официјалната честитка до до Бугарија на 3 март, руската амбасада ја спореди војната во Украина со ослободување на Бугарија. За Петков тоа е несоодветно. „Нашата благодарност до рускиот народ за Ослободувањето не може да се потцени со споредба со денешната братоубиствена војна во Украина“, рече Петков.

Откако ја прими соодветната вербална нота,амаасадорката на Русија во Софија, Елеонора Митрофанова, изјави:

„Ова го сфаќаме како крајно непријателски чин и го задржуваме правото да возвратиме“.

Медиуми, повикувајќи се на информациите на надлежните органи, јавуваат дека наведените вработени во Амбасадата на Руската Федерација во Бугарија „на територијата на Република Бугарија извршиле активности неспоиви со Виенската конвенција за дипломатски односи“.

Митрофанова вчера во соопштение од руската амбасада во Бугарија предупреди да не се испраќа оружје и муниција во Украина.

На 2 март беа протерани двајца руски дипломати обвинети за шпионажа.