Бугарија пак на избори в недела, но без јасен победник

Во моментов нема јасен победник на изборите на 2 април – петти по ред парламентарни избори за две години – покажува анкетата на Маркет Линкс и бТВ спроведена во периодот 21-27 март.

Податоците покажуваат дека 23,7 отсто од гласачите ја поддржуваат коалицијата „Продолжување на промените-Демократска Бугарија“.
ГЕРБ-СДС се втори со резултат од 22,3 отсто од гласачите. Разликата меѓу двете водечки формации е само 1,4 процентни поени.
Според анкетата, во следното 49. Народно собрание ДПС ќе има 13,6%, како и „Преродба“ со 11,4%.
Социјалистите од БСП ќе влезат како петта последната партија што би го минала цензусот со со поддршка од 7,3%.
Коалицијата „Левица“ добива поддршка од 3,2 отсто, „Има таков народ“ – 2,3 отсто, а „Бугарски подем“ – 2,1 отсто.

Анкетата беше финансирана и спроведена заеднички од bTV и агенцијата, спроведена е меѓу 1.014 лица над 18 години во земјава во периодот 21-27 март со методите на директно лично интервју и онлајн анкета.БГНЕС