Бугарија не сака да ја нарекуваме „окупатор“, вели историчар

Проблем на Бугарија во односите со Македонија не е дали ќе ги нарекуваме фашисти, туку дали ќе ги нарекуваме окупатор, вели во гостување во „Утрински брифинг“ историчарот проф Петар Тодоров.

Тодоров потсетува на бугарските флоскули „еден народ две држави“ и „бугарски земји“ кои, како што вели, се користат за околчување, па потоа сѐ што е внатре се вели „ова е мое“ и оттука се градат политики кои Балканот виде дека се штетни.

Премиерот Зоран Заев вчера соопшти дека од учебниците ќе се брише зборот „бугарски“ пред фашистички окупатор.

Професорот вели дека кога политичар коментира за историја оди на тенок мраз и обратно, коментира Тодоров.