Бугарија ќе произведува германски електрични автомобили

Бугарскиот министер за економија и претставници на германскиот производител на електрични автомобили Next.e.GO потпишаа меморандум за изградба на фабрика зво Бугарија која ќе почне со производство за две години.

Планираниот капацитет е 20 000 автомобили годишно, а инвеститорот планира сериозно да ја надмине оваа бројка.

Вредноста на инвестицијата е 140 милиони евра.

Бугарската држава не се обврзува на какви било прелиминарни финансиски стимулации додека фабриката не ја надмине границата од 10.000 произведени автомобили.

„Државата ќе даде стимул од 30 милиони евра кога капацитетот на фабриката ќе достигне 20.000 произведени и продадени автомобили годишно“, изјавил министерот за економија Кирил Петков.