Бугарија ќе им ја одобрува науката а тие молчат: Каде сте професорчиња, каде сте кај заминавте?

Македонија има илјадници професори, научници, доктори на науки од кои голем дел се во општествените науки.



Со исклучок на триесетината кои постојано јавно ги кажуваат своите ставови за состојбите меѓу кои и за францускиот предлог, најголем дел од нив молчат иако со него утре други ќе им кажуваат што од нивната наука може а што не може.

За овој феномен пишува професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски.

,,Не можам па да ви опишам кое понижување е и за македонската научна и образовна повеќегенерациска фела која години и години макотрпно работела и истражувала, цивилизациски дебатирала, пишувала и создавала литература и учебници – за сега истите да ги „одобрувала“ Блгарија”, пишува професорот индиректно обраќајќи им се на тие што поради клиентелизам или страв не се осмелуваат да се кренат против неправдата и понижувањето кои им се нанесуваат ним и на целата македонска наука.