Главниот експерт во бугарското Министерството за надворешни работи Жељазко Радуков вели дека бугарската држава ќе ги поддржи бугарските клубови во Македонија, кога ќе стапи во сила Законот за здруженија со што тие би биле забранети или принудени тие да ги променат сегашните имиња.

„Сигурно ќе се забранат клубовите, прашање е дали ќе се изнуди промена на името. Не можеме да одговориме на тоа бидејќи тоа ќе биде одлука на секој од овие клубови. Тие ќе имаат можност или да ги променат имињата или да си ги бараат правата преку суд. Бугарската држава ќе ги поддржи и во двата случаи“, вели Радуков.

„Дали Венецијанската комисија може да го запре спроведувањето на законот – практично не, затоа што – пред се, одлуките на Венецијанската комисија се советодавни, а не задолжителни.

Второ, одговорна влада, кога оди да бара мислење од Венецијанската комисија, тоа го прави во моментот кога законот се“ уште е предлог закон, а не кога е веќе усвоен“, објасни тој.

„Во оваа смисла, ги сметаме за неодржливи сите уверувања што ги слушаме од Македонија дека Венецијанската комисија веројатно ќе го запре спроведувањето на овој закон“, рекол Радуков, пренесува БГНЕС.