Бугарија ќе донира вакцини за Македонија и БиХ

Бугарскиот парламент одобри донација од 51.480 дози вакцини Фајзер-Бионтек за Македонија, пренесуваат бугарски медиуми.

Истовремено пратениците одобрија да се донираат и 50.000 дози од вакцината „Астра Зенека“ на Босна и Херцеговина.

Бугарските пратеници одобрија да се препродадат 100.000 дози вакцини „Модерна“ на Норвешка, за 3.7 милиони лева или околу 1,8 милиони евра.