Бугарија и Турција останаа во битката за фабрика на „Фолксваген“

Бугарија и Турција останаа во битката за изградба на голема фабрика што планира да ја изгради водечкиот светски производител на автомобили, „Фолксваген“.

Според информациите на агенцијата ДПА „Фолксваген“,се уште не е донесена одлука и компанијата одбива да коментира на таа тема.

Агенцијата BG News потсетува дека во последниве месеци германските и балканските медиуми пишуваат дека автомобилски гигант ќе изгради голема фабрика во регионот на Југоисточна Европа.

Освен Бугарија, во конкуренција се спомнуваа Романија, Србија и Турција.

 Предноста на Бугарија е што е  членка на Европската унија, додека Србија и Турција не.

Друга предност е дека во последниве годиниво Бугарија се отворени голем број западни огони за производство на автомобилски делови, кои се дел од светскиот производен синџир во автомобилската индустрија.

Турција, од своја страна, има голем пазар и традиција во производството на западни автомобили, пренесува БГНЕС.