Новото зближување меѓу Бугарија и Македонија е евроатлантски мотивирано,  а не е производ на свесно осмислување на заедничкото минато. Ние сме за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, вели поранешниот бугарски претседател Георги Парванов за време на дискусијата што ја организираше партијата АБЦ за односите со Македонија.

„Не е завршено со македонизмот и не треба да имаме такви очекувања“, предупреди поранешниот претседател кој е задоволен што премиерот Зоран Заев во Европскиот парламент спомнал  и бугарско малцинство во Македонија.

Тој смета дека треба да ја дефинираме нашата заедничка историја со Македонија. Има неколку пристапи за ова. Еден пристап е двете земји да направат заеднички учебник по историја или по  литература.

„Ова е многу амбициозна задача“, вели Георги Парванов според кој ова нема да се случи наскоро. Заедничката историја, според него го вклучува средниот век, ренесансата и така натаму.

Прванов е несреќен што Бугарија периодично се откажува од националните интереси, пренесуваат бугарски медиуми.