Бугарија го признала македонскиот јазик со меѓународен договор

Република Бугарија во меѓународен договор го прифатила и признала македонскиот јазик како официјален јазик за меѓудржавна комуникација и кореспонденција.

Ова го открива бугарската професорка и доктор на правни науки Радосвета Василева која открива дека меудрѓавниот договор е сеуште во сила.

“Нашата омилена министерка Екатерина Захариева сака ЕУ наместо „македонски јазик“ да користи „Службен јазик на Северна Македонија“.

Но, договорот ратификуван во 1956 година не споменува „југословенска верзија на бугарскиот јазик“. Се однесува директно на „македонскиот јазик“, пишува Василева која е позната како критичар на бугарскиот естаблишмент.

Василева открива дека договорот меѓу Југославија и Бугарија, кој е ратификуван од Бугарија во 1956 година, експлицитно споменува Македонски јазик“ и предвидува пишаните документи во него да бидат прифатливи за Бугарија.

Договорот е се уште во сила, и важи, открива Василева.

Радосвета Василева е жесток критичар на бугарската влада но и критичар на говорот на омраза што доаѓа од Македонија во форма на навредливи изрази како “Татари” за Бугарите.