Македонија не може да го финализира договорот за гранично управување со ЕУ поради билатералниот спор со Бугарија а еврокомесарката за внатрени работи Илва Јохансон побарала средба со Бојко Борисов околу можна деблокада….
ЕУ почна да ги склучува овие договори со земјите од Западниот Балкан за да ги интегрира во граничното управување со цел спречување на „нерегуларна миграција“. Според истите извори, засега само Албанија го има финализирано, Црна Гора е на добар пат, а Македонија би требало да го склучи штом се решат несогласувањата со Бугарија.
Еврокомесарката Илва Јохансон за МИА потврдила дека работи на случајот.
„Се надевам дека ќе го склучиме договорот за Фронтекс со Македонија што е можно побрзо, го отворив ова прашање со премиерот на Бугарија за да можеме да напредуваме затоа што е многу важно“, вели Јохансон.