Од сегашен аспект звучи неверојатно но бугарската држава менувала учебници за да признае дека историјата која сега ја наметнува како своја е македонска.

Бугарија во 1947 година ја прифатила македонската историја со официјален државен акт со кој требало да го спречи великобугарскиот шовинизам, открива партијата на Македонците во Бугарија ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН.


Партијата која Бугарија упорно одбива да ја регистрира објавува важен документ кој ја докажува вистината и поставува реторичко прашање зошто Бугарија не го почитува договорот за Македонската историја, потпишан во 1947 година.

,,Зошто повторно се преговара за Македонската историја со Бугарија, кога тоа е веќе договорено и затворено прашање?

Зошто Бугарија не го почитува потпишаното?

Се работи за документи со кои во 1947 година историските комисии помеѓу Македонија и Бугарија ги уредиле бугарските погледи на Македонската историја.

Документите содржат исправки за историските читанки во Бугарија. Во документите стои дека промените се со цел да се спречи големо-бугарскиот шовинизам и се однесуваат на различни историски периоди.

Во еден од документите стои, дека Самоиловата држава не е западно бугарска држава туку типична феудална држава во која доминантно население се Македонските словени!

Понатаму, во бугарската историја треба да ја пишува вистината, дека Климент и Наум се сесловенски просветители, Кнежеството на Пребонд е првиот обид на Македонските словени да создадат независна држава, браќата Миладиновци се Македонски просветители!

Денес може само да заклучиме дека Бугарија не го почитува утврденото од 22 ноември 1947 година!

Оттука и прашањето: Зошто Македонија во моментов преговара за сопствената Македонска историја со Софија, за работи кои пред речиси цел еден век веќе биле дефинирани и договорени”, се прашуваат и чудат Македонците во Бугарија.

Не станува збор само за Договорот од 1947 година, кој владата во Софија не го почитува, туку и за други меѓународни договори.

Официјалните бугарски власти не го почитуваат меѓународното право:

(1) Договорот од Блед, со кој Бугарија ги осигура правата на Македонците во Пиринска Македонија и обезбеди нивен слободен национален, економски и културен развој, со кој ги уреди односите на Бугарија спрема Македонија,

(2) Декларацијата на Организацијата на Обединетите Нации за човековите права,

(3) Европската рамковна конвенција за национални малцинства,

(4) Меѓународниот пакт за граѓански и политички права,

(5) Меѓународниот пакт за економски, културни и социјални права…

Обуавениот документ е само еден пример, каква е вистинската македонска историја пред 1945 година, која дефинитивно не е бугарска!

,,Македонија треба веднаш и безусловно да го раскине Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, Македонија треба веднаш и безусловно да ја распушти македонско-бугарската меѓувладина комисија за ревизија на македонската историја, Македонија мора да побара Бугарија да ги почитува меѓународните договори кои некогаш ги потпишала, тука и договорот од 1947 година!”, пишува во коментар на овој документ претседателот на Светскиот Македонски конгрес Тодор Петров.

Документот одобрен од бугарската влада на македонски и бугарски јазик.