Бугарија: Цената на лебот ќе скокне на над 1,5 евро

Бугарски медиуми информираат дека цената на лебот ќе скокне над три (1,5 евро) лева доколку се врати ДДВ-то од 20 отсто на овој производ.

Според Маријана Кукушева, претседателка на гранковиот синдикат на пекари и слаткари, лебот е единствениот производ кој не ја променил цената во последните 8 месеци, а по воведувањето на нултата стапка на ДДВ, цената му паднала меѓу 17 и 26%. Порано чинеше од 2,00 до 2,40 лева, но сега е под таа вредност, објави Њуз.бг.


Во меѓувреме храната поскапе за 25 до 50%, поради скапите горива и доларот.

„Никаде во Европа и во светот нема храна поевтина од бугарскиот леб, изјави претседателот на Националниот сојуз на пекари и слаткари.

„За нас е необјасниво зошто производот стана предмет на злоупотреба од страна на аналитичарите, вклучително и поранешниот министер за финансии, кои тврдат дека нула ДДВ-то за лебот не ги намали цените и дека тие треба да поскапат за 20 отсто“, рече Кукушева во Студио на ТВ Нова.