Порталот САКАМДАКАЖАМ.МК добил потврда дека до Министерството за надворешни работи  стигнало барање од Бугарија, бизнисменот Орце Камчев да биде назначен за почесен конзул на оваа земја во Македонија.

Како што пишува порталот СДК, барањето, според процедурата ќе се разгледува во МНР, потоа се бараат мислења од Министерството за финансии и од Секретаријатот за законодавство при Владата, а потоа ќе биде испратено до Владата која, доколку оцени, треба да го одобри.