Буџетот за 2023 година на пленарна седница – за власта развоен, за опозицијата нереален и инфлаторен. Владата го испрати Буџетот до Собранието со вградените амандмани по комисиската расправа. Од 200 амандмани кои беа предлог на ВМРО – ДПМНЕ , Министерството за финансии прифати  само 6. Буџетот за следната година кој е проектиран на рекордни 5,3 милијарди евра, за власта ги лоцирал приоритетите, и бил скроен за полесно пребродување на енергетската и економската криза, а ќе се внимавало парите на граѓаните да се искористат каде ќе даваат најголеми ефекти

– Целта на Предлог – Буџетот за 2023 година е да помогне во ублажувањето на последиците од енергетската криза, да обезбеди непречено финансирање на евроатлантските интеграции, исполнување на НАТО стандардите, но и да постави основа за економско заздравување и да обезбеди забрзување на економскиот раст. Овој Предлог-буџетот е дизајниран за исполнување на определбата за фискална консолидација и обезбедување на фискална одржливост, додаде Бесими.

Од вкупно 4,6 милијарди евра кои  Владата планира да ги собере, најголем дел ќе бидат даноци односно пари од  граѓаните и фирмите.  За Вмро- Дпмне  ова е  најголем буџет што во една реченица се опишува како буџет за склучување на договори во четири очи

Владата планира да собере 4,6 милијарди евра, а буџетската дупка ќе достигне рекордни  700 милиони евра.  Економскиот раст е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата да се движи во просек од 7,1 процент. Најмногу пари , Владата планира да собере преку даноци , односно 15 отсто повеќе од минатата година

Историски највисокиот буџет ќе донесе и рекордно задолжување. Догодина ќе се задолжиме за дополнителни 700 милиони евра, односно дефицитот ќе изнесува 4,6 проценти од бдп, а пари ќе позајмуваме главно од странство.  Само за стари долгови , Македонија има за враќање   над 1 милијарда евра. Амбициозниот буџет на власта предвидува и 800 милиони евра капитални инвестиции.  Проекциите се дека економијата до година ќе расте 2,9 проценти, а инфлацијата е проектирана на 7,1 процент. Расправата на пленарната седница трае максимум пет дена.