Буџетот не е празен, тврди директорката на УЈП, но повеќето посетители на ФБ страницата на РСЕ не веруваат. Кои се коментарите?
Неделното интервју на РСЕ беше со актуелната директорка на УЈП, Сања Лукаревска. Во врска со уставните измени Лукаревска смета дека има многу прогресивни сили кои сакаат да одат напред, и е оптимист дека измените можат да поминат во Собранието. Во врска со даночните реформи Лукаревска вели дека камен на сопнување е прогресивното оданочување. Буџетот не е празен, тврди директорката на УЈП.
Мартина Стојоска прашува: „Вие се сметате за прогресивни сили???“, а Ѓорѓе Коцев резигнирано: „Вие ги отепавте малите фирми! Сега и големите фирми размислуваат како да преживуваат, со вакви астрономски суми за плаќање сметки за електрична енергија крај ни се пишува, уште малку со вакви суми за купување струја банкрот сме“. Ставре Накев повикува: „Ставајте даноци на сè и сешто, полнете го буџетот“, додека Филип Андревски објаснува: „Буџетот се празни со наместени тендери, партиски вработувања, службени возила, службени бифтеци… А секојдневно и секојмесечно го преполнуваат граѓаните!!! И пак институциите не функцинираат, патиштата со дупки. Во Албанија и Косово не видов дупче на патот, во Македонија ги искршивме колите. Бруки!!!“
Линк до целиот текст.