Бучковски: Зад протестите и барањето за референдум има руско влијание!

Некогашниот премиер Владо Бучковски во интервју за бугарската агенција БГНЕС ја обвини Русија дека стои зад протестите во Македонија против францускиот предлог, како и зад иницијативата на опозицијата за референдум за Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.

„Не е тајна дека Русија долго време работи на дестабилизација на земјите од Западен Балкан“, изјави тој. „Зад протестите и зад желбата за спроведување референдум има руско влијание. Порано или подоцна ова ќе стане многу појасно. Не е само Левица дел од тоа сценарио“.

На прашањето дали по прифаќањето на францускиот предлог влегуваме во нова фаза на билатерални односи, Бучковски одговори: „Отсекогаш сум бил оптимист за бугарско-македонските односи. Нема враќање назад, ќе одиме само напред. Имаше проблеми, тапкавме во место, но никогаш не се вративме назад. И ќе продолжиме напред“.

Поранешниот специјален пратеник на Владата за преговорите со Бугарија, како и премиерот Димитар Ковачевски, е убеден дека Македонија „со бугарска поддршка ќе го спроведе францускиот предлог и, ако даде Господ, во 2030 година ќе биде дел од ЕУ“.