Бучковски со 12 илјади евра хонорар годишно за преговори со Бугарија + трошоци

Екс премиерот Владо Бучковски добива 12 илјади евра за една година како надомест од владата за преговорите што како специјален претставник на владата во Скопје ги води со бугарски претставници.

Бучковски според владин документ добива 1000 евра месечно како консултантска награда за преговорите што ги води а дополнително добива непозната сума за патување, дневници, сместување, логистика, храна и други трошоци што ги има кога се среќава со бугарски претставници.

Во владиниот документ не се открива колкава е другата сума наменета за трошоците на екс премиерот Бучковски.