Бучковски: Најдобро за Македонија е да падне владата во Бугарија

Поранешниот премиер и до недоамна специјален пратеник на Македонската влада за Бугарија вели дека најнепосакувано сценарио за Македонија е во Бугарија да се одржат нови избори, иако очекува владата на Петков да остане и да ги преживее актуелните турбуленции.

„За жал неколку потези кои ги правеше Петков во последниот месец дена, оставааат и кај мене резерви, дали тој е подготвен за таков решителен чекор- изјави Владо Бучовски во гостувањето на ТВ Телма.

„Според моја проценка ако тој реши ова прашање (за Македонија) да биде во Парламентот, ќе ја добие поддршката и на дел од пратениците и од ГЕРБ и од ДПС, но тоа се други калкулации кои ќе ги прават и тие во следната недела.

Мислам дека ќе го има мнозинството, но нема многу време и до Самитот на ЕУ. Времето и нему не му е сојузник а и кај нас како веќе да има замор од ова исчекување – изјави Бучковски во однос на можноста да се отстрани бугарското вето за македонските евроинтеграции.

Бучковски смета дека турбуленциите на бугарската политичка сцена со употребата и злоупотребата на македонското прашање, покажува дека околу тоа се прави кохезија на сите проруски сили во Бугарија, кои се насекаде.