Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, вели во интервју за Бугарското национално радио, специјалниот претставник на владата за Бугарија, Владо Бучковски.

„Верувам, и знам, дека додека разговараме, тимовите на министерствата за надворешни работи – на Бугарија и наши, работат на формулациите и верува дека е можно да се дојде до решение.

„Германското претседателство, што е голема поддршка, ние од Западен Балкан, ние соседите кои имаме заедничка историја, можеме да најдеме решение за нашата заедничката иднина“, рече Бучковски за БНР.