За екс премиерот од редовите на СДСМ Владо Бучковски заедничка историја на Македонија и Бугарија е факт.
Тој со својата изјава за бугарски медиуми врши индиректен притисок врз македонските членови на комисијата со Бугарија и дава алиби на бугарската влада да ја блокира Македонија.
Поранешниот премиер Владо Бучковски во интервју за бугарската телевизија ТВ Европа најавува црно сценарио ако комисијата не ја заврши работата, ако не постапи онака како што е во Договорот за добрососедство.
Тоа според него секогаш ќе може да биде причина зошто Бугарија не се согласува ние да бидеме члека на ЕУ.
“Во последните три години има драматично придвижување напред, она што беше до пред неколку години непоимливо да се признае во Македонија дека имаме заедничка историја, сега е факт, но треба да најдеме начин како да ја претставиме на пошироката јавност и во Софија и во Скопје дека барањето на заеднички точки, заедники личности кои не поврзуваат, треба да биде дел од иднината, а не ние да се поделиме за нешто што се случувало пред сто години или да не можеме да дојдеме до клучната фаза, тоа е да дојдеме до периодот од 1941 до 1944, до кога ќе ја зголемиме довербата меѓу нас”, оценува Бучковски, пренесува Република.