Владо Бучковски, изрази дека токму пејачот Ламбе Алабаковски е лицето кое го подметнало пожарот во културниот клуб во Битола.

Во разговор за бугарски Евроњуз, до неодамна специјалниот претставник во спорот со Бугарија вели дека не верува дека овој инцидент ќе влијае на бугарско-македонските односи.

Тој е убеден дека со укинувањето на бугарското вето нема да се случуваат вакви инциденти бидејќи, како што вели тој, „ветото ги поттикнува националистите во двете земји“.

„Очигледно, ова не е решение бидејќи не спречува да преминеме во нова фаза од нашата врска. Ветото ги поттикнува националистите во двете земји. Но, дел од одлуката е и почитувањето на рамковниот договор, промената на преамбулата на македонскиот Устав, во која Бугарите треба да влезат како еден од народите во македонската нација“, истакна Бучковски.

Според него, во Македонија постои волја за вметнување на Бугарите во Уставот и посочи дека и опозицијата и мнозинството граѓани го поддржуваат тоа. Според него, овие прашања можат да се решат за два дена, но проблем се гаранциите и меѓусебната недоверба, па затоа Франција или ЕУ мора да бидат гарант дека ќе се спроведе договореното.

„Оптимист сум дека прашањето може да се реши до крајот на јуни“, заклучи Бучковски.