Пратеникот на БСП Христо Проданов, предупредува дека парламентарната демократија во Бугарија е загрозена бидејќи 2 години со државата во поголемиот дел управуваат преодни влади.
Проданов вели дека БСП направила се за да направи редовен кабинет со трет мандат, поради што ја организираше и лидерската средба на која одговорија само ГЕРБ, ДПС и „Бугарски асход“.
Според него, парламентарната демократија е загрозена и штом нема договор за влада, земјата оди на нови бесмислени избори. И додаде дека „после може да има уште едни, и уште едни…“ пренесе Њуз.бг
