Бонбона бизнис е епитетот што со право може да го понесат продавниците за брзи пари! Дури осум од нив лани успеале да имаат профити кои се зачудувачки. Две друштва што зајмат брзи пари успеале да задржат како добивка над 50 отсто од целиот лански приход, а уште четири компании задржале како профит повеќе од 20 отсто од ланските приходи!
Брзите кредити се веројатно еден од најпрофитабилните бизниси во годината што е зад нас. Заем за половина час! Пари на рака за еден ден! Аплицирајте преку мобилен телефон! Првиот кредит е без камата! или Ако вратите се од следната плата НЕМА камата! Ова се само дел од ултра привлечните и популистички реклами за мали и брзи заеми за кои на заемобарателот речиси и да не му треба никаква процедура.
Иако на прв поглед бизнис моделот не дава гаранција дека е екстра просперитетен сепак резултатите на дел од компаниите што го работат ова, рака на срце, се фасцинантни.
Затоа што се неверојатни профитните маргини што ги оствариле дел од овие компании кои се регистрирани за дејностите како што се мали и брзи заеми, а дел од нив се регистрирани и за финансиските дејности факторинг и издавање гаранции, а има и такви кои администрираат кредитни картички.
Според официјална евиденција на Централниот регистар над 30 активни друштва ја вршат ова дејност, а меѓу нив дури 8 компании имаат профит кој е најмалку 18 отсто од целиот приход на друштвото.
Податоците кои се достапни во базата на Централниот регистар покажуваат дека овој бизнис сегмент на финансискиот пазар има изразено голем потенцијал и дека заработките се енормни, а бизнисот е регуларен.
Иако тука мора да се истакне дека регулацијата на банките е многу поинтензивна, а во голема мерка работењето на овие друштва не е регулирано со опфатот на мерки и активности за надзор кои се надлежност на централната банка.
Линк до целиот текст.