Велешанка во Скопје морала да плати казна затоа што паркирала на место за инвалиди иако на возилото има налепница за инвалиди и е член на здружение на лица со инвалидност, објави Плусинфо.
Таа на Фејсбук објави дека одејќи во Клинички центар во Скопје паркирала на автобуска станица на место предвидено за инвалиди, испратила СМС-порака за паркирање, па дури и својата потврда за инвалидитет ја ставила на ветробранското стакло, на видно место, но – на нејзиното возило бил поставен блокатор и казна за недозволено паркирање.
„Службениците на Градски паркинк, кои дошле откако им се јавила, ѝ рекле дека е паркирана на место за инвалиди и во тој случај, пораката што ја испратила „не се важи затоа што е од друг град“!?
На нејзино инсистирање, службеникот се јавил на претпоставените од ЈП Градски паркинг и од таму му одговориле дека жената мора да ја плати казната, зашто паркирањето за лица со инвалидитет важи само за граѓаните на Скопје“ – пренесува Плусинфо.
