Уште незапочнат проектот на градоначалникот Петре Шилегов за воведување брз автобуски транспортен систем (БРТ) по средината на Партизанска кој ќе госкрати времето на патувањње од Ѓорче Петров до Ново Лисича отвор низа прашања:

„Како ќе пристапуваме до автобуското метро во средината на Партизанска од тротоар со вакви бесни возачи?

Ќе остане сѐ раскопано, подобро да не го почнуваат?

Како ќе се наплаќа?

Како и колку време ќе треба да се искршат постојните жардињери од „Партизанска“ и „Јане Сандански“ за ова да профункционира?

Побрз ли ќе е „трамвајот“ од сегашните еко-автобуси?

Но, ќе биде ли електричното метро доволно брзо за да направи некаква разлика?

Што со патниците кои ќе одат на дестинации кои не се опфатени со линијата на БРТ, бидејќи на линијата по коловозните ленти по кои ќе се движи БРТ нема да можат да се движат други автобуси“.

Ова се само дел од реакциите на граѓаните, кои се поделени по денешната презентација на проектот „Bus Rapid Transit“ за автобуското метро на Град Скопје во хотелот „Хилтон“, проект на градоначалникот Петре Шилегов,

ПОВЕЌЕ