Одбојкарската репрезентација на Македонија го совлада домаќинот Унгарија со 3:0, по сетови 25-22, 18-25, 25-19, 19-25 и 15-7, во малото финале на завршниот турнир во Будимпешта и го освои својот втор бронзен медал во ова натпреварување.

Јунак на драмата од 122 минути беше македонскиот капитен Никола Ѓорѓиев, убедливо најдобар поединец на средбата со 28 поени, седум повеќе од Унгарецот Марсел Пешти.

Во полуфиналето избраниците на селекторот Ранко Павличевиќ и во третиот меѓусебен дуел загубија со идентични 3:1 во сетови од Финска, која во финалето ќе ги одмери силите со Романија, а влогот е пласманот во Европската златна лига и премијата од 50 илјади евра.

По своето седмо учество во Европската сребрена лига македонските одбојкари имаат четири сребра, две бронзи и едно четврто место.