Државната новинска агенција Анадолија, соопшти дека само во Турција во земјотресот на 6 февруари загинаа 44.218 луѓе.
Во соседна Сирија досега се регистрирани 5.900 смртни случаи.
Со тоа бројот на загинатите во земјотресот што погоди југот на Турција во близина на границата со Сирија надмина 50 илјади.
Повеќе од девет илјади последователни потреси следеа по земјотресот на 6 февруари, објави турската агенција за катастрофи, АФАД.
Над половина милион луѓе се евакуирани од областа погодена од катастрофа во Турција.
