Хрватскиот аналитичар и добар познавач на состојбите во Македонија, Иван Бродиќ, со шокантно предвидување за македонската евроинтеграција.

„Претпоставувам дека завршниот удар за влез во пристапните преговори за ЕУ ќе биде согласноста за федерализација на земјата на западен, албански, и источен, македонски дел, што е вовед во веќе означената поделба на земјата во рамките на Тиранската платформа (платформа на албанските партии со која Заев коалицираше за да дојде на власт). Тогаш се постави прашањето за двојазичноста на земјата, што е остварено (дури и во местата каде што нема Албанци), но и прашањето за посебна административна единица, која албанските радикали ја нарекуваат Република Илирида“, изјави тој за хрватскиот портал „Директно“.

Уредникот на порталот „Енерџи прес“ нагласува дека „Македонија прва беше подготвена за евроатлантска асоцијација од сите бивши социјалистички републики“, но во тоа ја спечија сопките од Грција, а сега и од Бугарија.

„Спорот со Грција е решен со промена на името со октроираната промена на Уставот наспроти референдумската волја на политичкиот народ, кој го бојкотираше референдумот и тој пропадна. Преговорите со Бугарија исто така се решаваат врз основа на договорот за пријателство во рамките на кој поранешниот премиер Заев потпиша, а Собранието ратификуваше дека Македонците се нација настаната од Бугарите во 1945 година и оти до таа година немаат своја историја. Сето ова е прилично апсурдно, ако се земе предвид како бугарската писменост дошла од Солун и Охрид, во македонското издание на старословенскиот јазик, но и тоа сега не е тема. Сето ова е прилично апсурдно со оглед на тоа дека бугарската писменост дошла од Солун и од Охрид во македонската редакција на старословенскиот јазик, но ни тоа сега не е тема“, објаснува Бродиќ.

Според него, на Македонија местото ѝ е во Европската унија, која мора да поработи на нејзината евроинтеграција.

„Елитите на Унијата треба многу подобро да ја разберат земјата и да работат многу повеќе за да ја привлечат наместо да работат на поддршка на силувањето на таа нација од неколку соседи. Треба да се работи многу поактивно со националните демократски сили. Да се воведе подобра контрола во цела низа јавни сектори, особено во судството, во репресивниот и во затворскиот систем“, смета Бродиќ.