Брнабиќ со порака до НАТО: Запрете го Курти

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се огласи по денешната акција на косовската полиција во Косовска Митровица.

„Ја повикувам меѓународната заедница, НАТО и КФОР, итно да реагираат и да го спречат Албин Курти.

Ситуацијата е повеќе од драматична и ова е последниот момент во кој е неопходна јасна реакција за да се запре лудата политика што ја води Приштина.

Ваквото однесување ја надмина секоја мерка и не носи на работ на хаос “, рече Брнабиќ. Се огласи и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кој рече дека оваа акција е „уште една провокација“ од Албин Курти.