„Сметајте на мојата оставка, ја имате на маса, отвора простор за технички разговори, верувам дека излезот од кризата се парламентарни избори до крајот на годината, оставам на претседателот да направи таков одлука“, изјави премиерката Ана Брнабиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека сега е јасно дека ќе имаме предвремени парламентарни избори.


„Тоа што го кажа Ана, ќе го забрзаме распуштањето на Народното собрание, таа си поднесува оставка, јас како претседател на Републиката имам обврска да му понудам на друг во следните 30 дена мандатот за формирање на Народното собрание.

Ако се покаже дека никој друг нема мнозинство, пошто ако Ана Брнабиќ поднесе оставка, СНС нема да сака нов мандат… па ако тоа се случи, ќе имаме уставни рокови од 45 до 60 дена за одржување на нови избори. “ изјави Вучиќ.